Концерти на „Про Арс“ во Виена

Камерниот хор „Про Арс“ под диригентство на маестро Сашо Татарчевски викендов ќе одржи два концерта во Виена.

Австриската публика ќе има можност да ги чуе вечерашната изведба во познатата „Peterskirche” црква во центарот на Виена и утрешната во Руската православна катедрална црква „Св. Никола“.

На програмата се композиции со духовна тематика од Стојков, Прокопиев, Шуплевски, Аренски, Степанов, Фалик, Архангелски, Чајковски, Свиридов и Парт.