МАНУ организира свечен собир посветен на Блаже Конески

Во рамки на одбележувањето 50 години од основањето, Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе организира свечен собир посветен на нејзиниот прв претседател и еден од нејзините основоположници – академик Блаже Конески.

Собирот ќе го отвори претседателот на Академијата Таки Фити, а обраќања ќе имаат и академиците Зузана Тополињска, Милан Ѓурчинов, Матеја Матевски, Георги Старделов и професорите од универзитетите во Торонто и Чикаго – Кристина Крамер и Виктор Фридман, кои се надворешни членови на МАНУ.

Првиот претседател на МАМУ, академик Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 – Скопје, 7 декември 1993), е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор.