Награда „Македонска книжевна авангарда“ за поетесата Ана Бунтеска

Поетесата Ана Бунтеска за стихозбирката „Колку е потребно за среќа“ во издание на „Матица македонска“ е добитник на наградата „Македонска книжевна авангарда“ која ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Ана Бунтеска (Скопје, 1972) дипломирала на Економскиот факултет во Скопје и работи во Македонската берза. Има објавено две книги поезија – „Стави лајк на сопствениот живот“ и „Колку е потребно за среќа“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Досегашни добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“ се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски и Стефан Марковски.