Ревија на филмови од 13-тиот фестивал „Астерфест“

Во Кинотеката на Македонија вечер ќе бидат прикажани филмови од 13. Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“ кој во јуни се одржа во Струмица.

Ревијата ќе почне со „Пеј“ награден со Оскар за краток филм во режија на Крисоф Деак од Унгарија, а ќе следуваат: „Виолината на Џо“ на Кахејн Куперман, кој доби „Златна потковица“ на 13. „Астерфест“, како и неколку други наградени филмови на фестивалот – анимираниот „Позајмено време“ на Ендрју Коутс и Лу Хамоу-Ла, „Авионот“ на Хесус Мартинез Нотана, „Одот на пијаницата“, „Живее“ на Елена Пискарева и „Посетителите“ на Тео Пападулакис.