Театарот за деца и младинци на меѓународен фестивал во Бања Лука

Националната установа „Театар за деца и младинци“ од денеска до 19-ти октомври со претставата „Мачорот во чизми” во режија на Игор Ивковиќ, ќе учествува на 16. Меѓународен фестивал за детски театри Бања Лука – Република Српска.

Фестивалот има натпреварувачки карактер, а претставите ќе ги оценува меѓународно стручно жири со кое ќе претседава Николај Наумов, директор на Академијата за кукли од Санкт Петерсбург.