Утре во Крива Паланка премиера на „Го играме Чехов”

На сцената во Национална установа Центар за култура, Крива Паланка утре вечер премиерно ќе биде изведена театарската претстава  „Го играме Чехов”.

Почетокот е во 20 часот, а претставата е копродукција на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка и Благоевградскиот младински театар „Проф. Енчо Халачев“ од Бугарија, финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

-Во претставата деца и младинци од Крива Паланка и Благоевград заеднички играат раскази од Антон Павлович Чехов. Улогите ги толкуваат најпрвин одвоено на македонски и на бугарски јазик, а на крајот изведбата е заедничка на двата јазика, инфорираа од ЦАВУ, Крива Паланка.

Претставата е во режија на Бранимир Митов од Благоевград и Глигор Цветковски од Крива Паланка. Премиера на истата претстава ќе се одржи и во Благоевград на 19 јули. Билетите имаат симболична цена од 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.