Василичарски концерт во четврток во МОБ

Традиционални македонски песни од композиторот Илија Пејовски ќе бидат изведени во четврток во 20 часот на сцената на МОБ како дел од Василичарски концерт, насловен како „ЗАБОРАВЕНИ ПЕСНИ“. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент Бисера Чадловска.

Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Досега учествував во сите василичарски концерти на МОБ, но овојпат ќе ја имам честа јас да бидам прв солист – вели Јаневска.

Оваа година новина е тоа што после концертот во фоајето ќе се крши пита со паричка и оној на кому ќе му се падне паричката, ќе добие бесплатни влезници за сите настани од програмата на МОБ во текот на целата година – најавија од Македонската опера и балет.

Веќе 24 години по ред, традиционалниот Василичарски концерт секоја година на 12 јануари се изведува на сцената на МОБ.

Данче Азманова