АЛАРМАНТНО: Oгромен пожар на десетина метри од куќите во Ѓорче Петров, граѓаните оставени сами на себе (ФОТО+ВИДЕО)

На само десеттина метри од куќите на скопско Ѓорче Петров се разгорува огромна огнена стихија, загрозени се куќите. Дел од жителите ги напуштаат домовите. Огромната огнена стихија избега од контрола поради силниот ветар и го зафати просторот помеѓу скопско Кондово и влезот во Скопје кај Ѓорче Петров.

Огнената стихија е на само десетина метри од куќите и луѓето се самоорганизираат да се справат со пожарот.

Нема никаква помош од канадерите, ниту пак некаква поорганизирана помош. Додека ова се случува, министерот за земјоделие Љупчо Николовски е на одмор во Шпанија.