АНАЛИЗА: На што се должат резултатите од последната анкета?

Резултатите од последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) јасно покажуваат дека поддршката од грашаните за ВМРО-ДПМНЕ е многу силна за претстојните локални избори сметаат аналитичарите.

Политичкиот аналитичар и координатор на центарот на истражување на јавното мислење ИПИС Владимир Божиновски во Аргументи на ТВ Нова изјави дека предноста на партијата на Груевски пред останатите политички партии за локалните и предвремени парламентарни избори не се изненадување бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е сеуште најголема политичка сила во Македонија.

Според последната анкета на ИРИ мнозинството граѓани на Македонија ќе гласаат на претстојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ би добила најголема поддршка од граѓаните, а по неа СДСМ, ДУИ и БЕСА. Од испитаниците, 28 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, 16 отсто за СДСМ, ДУИ би го поддржале 8 отсто, БЕСА 7, Алијансата за Албанците и ДПА по 2 отсто, ГРОМ и ЛДП по 1 отсто.

Јавноста поделена околу одржувањето на предвремени парламентарни избори. Четириесет и четири отсто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат. Но доколку има, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27 отсто од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 отсто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 отсто за Алијансата на Албанците и за ДПА.

Според ИРИ, претседателот на ВМРО –ДПМНЕ Никола Груевски останува прв на листата на политичари кој ужива најголема доверба кај граѓаните, 21 % ја дале својата поддршка за Груевски наспроти 9 отсто кои го поддржале лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Јана Јосифоска