Андонов: Потребна е отворена седница и јавна дебата за договорот со Бугарија

Нема никаква потреба од еден меѓудржавен договор за добрососедски односи да се прави тајна и да се расправа на затворена седница. Тука има други скриени моменти, очигледно, изјави универзитетскиот професор Оливер Андонов во гостувањето во вестите на ТВ Нова.

„Очигледно СДС сака да сокрие од јавноста што точно содржи договорот, да се испука тоа на една собраниска седница и да се даде некое си бледо соопштение, еве помина тоа, и после ние ќе се докажуваме во јавноста: ВМРО-ДПМНЕ тврди едно, СДС тврди друго, а веројатно на ДУИ и на Алијансата ќе им одговара прикаската, пошто на нивна вода може да оди после како последица, сето тоа што ќе се потпише со Бугарија“, вели Андонов.

Андонов смета дека во оваа ситуација ВМРО-ДПМНЕ е потполно во право кога вели треба отворено да се разговара, на отворена седница.

„Па да слушнеме сите на собраниска седница со што министерот за надворешни работи Димитров ќе го одбрани договорот член по член и за тоа да следува јавна дебата“, додаде Андонов.