Андоновиќ: Клинтон не може допрва да гради нова кариера

„Изненадување беа овие двајца кандидати уште кога почнаа со претседателски конвенции. Тоа е така затоа што на местото на демократите во трката за наследник на демократскиот Обама доаѓа еден лик кој го знаеме, таа била прва дама, па сенатор и.т.н, но сега претендира да биде прв човек во Белата куќа односно претседател на САД“, посочи Дејан Андоновиќ

Тој истакна дека според неговото мислење ова е веќе видена политика, виден и потрошен лик кој целата своја кариера ја направила на 69 години, и дека Хилари Клинтон не може допрва да прави нова кариера.

Дејан Андоновиќ и Драган Милосављевиќ гостуваа во „Специјалното Отворено Студио“ со Бојана Димитријевска посветено на претседателските избори во САД.