Анкета на „Павел Шатев“: 88 проценти од граѓаните не го поддржуваат предложениот Закон за јазици, сметаат дека истиот е вовед во федерализација

Македонците и другите етникуми (без Албанци) кои живеат во Република Македонија имаат негативен став по однос на предложениот Закон за јазици. Граѓаните не го поддржуваат донесувањето на ваквиот закон и се чувствуваат изманипулирани од новата влада на СДСМ предводена од Зоран Заев, велат резултатите од вториот дел од анкетата спроведена од Институтот „Павел Шатев“.

Од испитаниците дури 88,1 процент лично не го поддржуваат предложениот закон.

Високи 80,9 проценти од испитаните граѓани сметаат дека усвојувањето на предложениот закон за употреба на јазиците ќе биде вовед во федерализација на Македонија.

Анкетираните во 74,8 отсто одговориле дека нема да поддржат распишување на референдум околу законот за јазици.

Граѓаните сметаат дека предложениот закон за употребана јазици не е во согласност со изјавите и уверувањата кои Заев и СДСМ ги даваа изминатиов период. 70,3 проценти велат дека тогаш СДСМ и Заев зборувале нешто сосема друго.

Висок е процентот (67,3) и на граѓани според кои предложениот закон НЕ е во согласност со Уставот на Република Македонија.

Анкетата е спроведена телефонски на цела територија на Република Македонија, во периодот меѓу 3 до 5 август на 1350 испитаници по однос на актуелни политичкo-општествени теми.