Анкета на „Павел Шатев“: Доколку следната недела има избори граѓаните најмногу би гласале за ВМРО-ДПМНЕ

Доколку би се одржале избори следната недела, 26,9% од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 18,9% од нив за СДСМ, дури 28,3% од анкетираните истакнале дека нема ниту да излезат да гласат. Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот Павел Шатев спроведена од периодот помеѓу 9-12 септември на 1230 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања.

Анкетата покажува дека од сите политичари, граѓаните најмногу му веруваат на Никола Груевски а речиси двојно помалку граѓаните му веруваат на сегашниот премиер Зоран Заев. Само 4,1% од анкетираните одговориле дека од сите политичари најмногу му веруваат на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, а нпретседателот на Беса Билал Касами ја добил поддршката од само 3,2% од анкетираните. Од сите наведени политичари наведени во испитувањето, граѓаните најмалку имаат доверба во Љубчо Георгиевски.

Статистичкиот преглед покажува дека според анкетираните 55.1 проценти не се задоволни од работењето на Владата во првите 100 дена а само 24.4 проценти од испитаниците се задоволни од работењето на владата во првите 100 дена. Во иднина 59.3 проценти од испитаниците очекуваат дека владата ќе работи полошо а 26.8 проценти од акентираните сметаат дека Владата ќе работи подобро.
Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, биле опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст.

На крајот на месец јули оваа година и, Македонскиот центар за меѓународна соработка спревеле анкета на 1000 испитаници во која ВМРО- ДПМНЕ е со стабила предност пред СДСМ. На прашањето доколку утре би се одржале избори 27.1 процент од испитаниците би гласале за ВМРО- ДПМНЕ, 22.7 проценти од нив би гласале за СДСМ.

Според анкетата ВМРО- ДПМНЕ е со стабила предност пред СДСМ. ДУИ има најголем рејтинг кај албанскиот блок од 7.7 проценти а потоа следат БЕСА и Алијанса за Албанците со идентичен рејтиг од 1.3 проценти.

Андреа Сибиновска