Анкета „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба меѓу граѓаните (ВИДЕО)

Третиот дел од анкетата на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот помеѓу 29 Август и 1 Септември 2017 година на 1250 испитаници, покажува дека партијата чиј лидер е Никола Груевски се уште ужива најголема доверба кај народот. Според анкетата граѓаните веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ, како и досега, ќе ги исполни своите предизборни ветувања дадени кон нив.

Мал дел од анкетираните веруваат во ветувањата на СДСМ. На прашањето „На која партија и верувате повеќе дека ќе ги исполни своите предизборни ветувања кон граѓаните“, 36,4 проценти одговориле дека тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ. Само 16,7 проценти дале одговор СДСМ.

„Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која партија сметате дека може да обезбеди повисок економски раст и отворање на нови работни места“ е второто прашање од третиот дел на анкетата. Дури 53,5 проценти од анкетираните граѓани истакнале дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали имаа доверба во политиката на СДСМ за отворање нови работни места, само 20,4 проценти на ова прашање одговориле дека веруваат во партијата на Зоран Заев. Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија.

Беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Катерина Нацева