Арсовски: Институциите на САД потклекнаа во најважниот момент

Повеќето национални анкети ја фаворизираат Хилари Клинтон да го добие лекторон колеџот со околу 320 електорски гласа, но тоа по што ќе се запаметат овие избори се неколку работи кои треба да се напоменат во оваа фаза.

– Прво и основно што нас не засега е дека ова се избори што побудија најголем интерес во светот досега од сите претседателски избори, можеби затоа што светот се наоѓа во некаква криза, затоа што состојбата со американското општество ќе дефинира како ќе се движат и светските геополитики. Потоа она по кое треба да се запаметат овие избори дека се тие ќе бидат едни од најподелените избори досега во САД и дека таа поделба ќе продолжи и по завршувањето на изборите, бидејќи толку е блиска трката во моментот, а губитниците, оние кои го поддржуваат кандидатот кој ќе ја загуби трката, нема да ги сменат своите преференции, истакна политичкиот аналитичар Петар Арсовски при своето гостување во отворената програма на ТВ Нова.

Арсовски смета дека скандалите со ФБИ и потклекнувањето на институциите ќе остават црна дамка која ќе треба да се исправи во наредниот период:

– Третата работа по која ќе бидат запаметени овие избори се институциите кои некако потклекнаа во овој период, особено овие со ФБИ скандали, отвораат, па затвораат, па повторно отвораат и повторно затвораат истрага. Тоа ќе остави некаква дамка која ќе треба да се исправи во наредниот период, смета Арсовски

Отворената програма на ТВ Нова посветена на изборите во САД започна во 20 часот и ќе трае се до прогласувањето на победникот.