Бајлозова и Михајлова в.д. претседатели на Врховен и Кривичен суд

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница за в.д. претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1-Скопје ги избра Снежана Бајлозова и Татјана Михајлова.

Изборот на редовен претседател на овие два суда ќе се врши по завршувањето на вонредните парламентарни избори.

Кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје се досегашниот претседател на Судот Владимир Панчевски и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, а кандидати за претседател на Врховниот суд се досегашната претседателка Лидија Неделкова и судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.