„Центар сака да дише“: Жерновски продолжува да го уништува срцето на Центар

Граѓаните на Центар продолжуваат да го искажуваат својот револт кон градоначалникот Андреј Жерновски. Тој иако вети дека во Центар повеќе нема да се гради, продолжува да го уништува срцето на Центар, пишува во Фејсбук статусот на „Центар сака да дише“.

Како што пишува во статусот за само неколку месеци се издадени 10-тина одобренија за градби низ Дебар маало.

Тие повикуваат дека дебармализацијата мора да запре, повикаа за стоп на дебармализацијата на градоначалникот на Центар.

Покрај ветувањата дека во Центар нема да се гради, тие велат дека секој ден се дава ново одобрение за градба.