Даштевски: Интересите на Сорос се спротивни на националните

Сорос е генератор на кризата во Македонија, преку свои марионети, како што ги нарекуваат во меѓународната заедница, вели Александар Даштевски во анализа на последното интервју на Никола Груевски за Дневник.

Според Груевски, Џорџ Сорос е исклучително моќен човек и со големо политичко влијание, кој го искористува во крупни операции поврзани со подготовка на криза во Македонија, за чија цел дејствувале Институтот Отворено Општество, медиумите кои ги финансира, политички аналитичари, новинари и професори. Даштевски за ТВ Нова, вели дека Сорос не е демократ кој сака отворено општество туку се работи за човек кој манипулира со одредени држави.

Даштевски вели дека ова не е прв обид на Фондацијата отворено општество да УРИВА една легитимно избрана власт во државата, но потенцира дека власта во овој момент е поискусна и подобро се справува со наметнатите кризи.

Даштевски додава дека препознатливиот стил на Сорос во повеќе држави, каде делува, се и изборниот инженеринг, преку кој се обидува да постави свои, марионетски влади, кои ќе работат за неговите интереси, а не за народот кој ги избрал.

Емил Десподов