ДАШТЕВСКИ: Новиот Закон за јазици повеќе оди кон бинационалност

Сите сме за почитување на спротивната страна, но сметам дека вака избрзано, без јавна дебата, начинот на кој се донесува новиот Закон за употреба на јазици е омаловажувачки за македонскиот народ, вели ниверзитетскиот професор Александар Даштевски во вечерашното отворено студио на Телевизија Нова, каде што се дебатира на тема „Разединувачки закон за обединувачки јазик“.

– Со Охридскиот рамковен договор се базираше на мултинационални права на сите заедници во Македонија. Но, новиот Закон за употреба на јазици, па со другите работи што се бараат во Тиранската платформа веќе се оди на бинационалност – вели Даштевски.