ДАШТЕВСКИ: Се доведува во прашање правото на мнозинството

Албанците како заедница во Македонија имаат најмногу права во споредба со другите етнички заедници и малцинства, дури и повеќе од межународните стандарди и тоа е прашање кое е апсолвирано, вели универзитетскиот професор Александар Даштевски во вечерашното отворено студио на Телевизија Нова каде што се дебатира за Законот за употреба на јазиците.

– Тука веќе станува збор и се доведвуваат во прашање правата на мнозинството. Никој не го прашува мннозинството и се носи овој Закон, затоа велам дека недостасува јавна дебата. Стариот закон е донесен во 2008 година меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но ако има некои работи што не чинат во тој Закон, ајде да го отвориме и јавно да се дебатира што треба да се промени и да го извлечеме најдоброто од законот – вели Даштевски.

Според него, сите сме за почитување на спротивната страна, но смета дека вака избрзано, без јавна дебата, начинот на кој се донесува новиот Закон за употреба на јазици е омаловажувачки за македонскиот народ.

– Со Охридскиот рамковен договор се базираше на мултинационални права на сите заедници во Македонија. Но, новиот Закон за употреба на јазици, па со другите работи што се бараат во Тиранската платформа веќе се оди на бинационалност – вели Даштевски.