Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Киро Глигоров

Делегација на СДСМ, во состав Дамјан Манчевски, Пеце Мирчевски и Сања Лукаревска, денеска положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров, на петгодишнината од неговата смрт.

– СДСМ како и сите граѓани на Македонија со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров кон Република Македонија, кој градеше мостови на соработка во нашата држава и во светот, со што ги отвори перспективите за граѓаните и за Република Македонија. СДСМ е определена да ги негува и развива тие перспективи во интерес на животот и добра иднина на граѓаните и на Македонија, се наведува во соопштението на СДСМ.