Девет години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце

деафде

Денеска се одбележуваат девет години од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце, во која загинаа 11 Македонски мировници кои се враќаа од мисијата „алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Пред спомен-обележјето во касарната „Страшо Пинџур“ и на местото каде што се урна армискиот хеликоптер, венци и цвеќиња положија делегации од министерството за одбрана и генералштабот, од кабинетот на претседателот, од Општината Петровец и најблиските на загинатите.

Скопското обвинителство истрагата ја затвори кон крајот на 2011-та година, без кривична одговорност, со образложение дека необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови и лошото време биле главните причини за уривањето на армискиот ми-17.