Дијаспора: Никој не смее да ја фалсификува волјата на македонскиот народ

Никој не смее да се дрзне да ја фалсификува, оспорува и краде волјата на македонскиот народ.

Здружението на граѓани Македонско Сонце од Флорида преку писмо порачува дека изборите на  11-ти декември беа најмирните, најфер и најдемократските избори досега, без ниту еден инцидент и дека на Македонија и е потребна Влада која јасно ќе ја изразува волјата на граѓаните а не Влада која ќе биде по волјата на некој од надвор.

Реакција пристигна и од македонската заедница во Виндзор, Канада во кое велат дека потребна е стабилна влада и лидер за државата да оди напред…

Андреа Сибиновска