До крајот на неделава поднесување листи за кандидати за пратеници до ДИК

До крајот на оваа седмица, партиите и независните кандидати ќе треба до ДИК да ги достават листите на кандидати за пратеници. Според календарот што го усвои Државната изборна комисија, рокот истекува на 11 ноември на полноќ, а дотогаш ќе трае и увидот во избирачкиот список.

Дик на 1 декември треба да ги потпише изводите од избирачкиот список. Изборната кампања ќе започне на 23 ноември и ќе трае до 9 декември.

Пријавувањето за гласање на македонски државјани кои живеат во странство трае исто така до 11 ноември. Гласањето во дијаспората ќе се одвива еден ден порано, односно на 10 декември во дипломатските конзуларни претставништва на Република Македонија низ светот.