До ОИК во Делчево доставени доверливите изборни материјали

Во ОИК во Делчево денеска беа доставени доверливите изборни материјали. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска која ги предаде материјалите на ОИК во Делчево, истакна дека денеска ДИК до сите ОИК во државава ќе им ги предаде доверливите избирачки материјали.

– На 36 избирачки места во Делчево, 15.020 гласачи треба да го остварат своето гласачко право. Денеска на ОИК во Делчево им ги предаваме изводите од избирачкиот список за 36 избирачки места. Потоа 33 посебни изводи од Избирачкиот список за гласачите кои се иселени, како и 15.020 гласачки ливчиња за сите гласачи кои имаат право на глас в недела.

ОИК информира дека се прифатени 185 барања за гласање на болни и немоќни лица кои ќе го остварат своето право на глас во своите домови в сабота, истакна Гугучевска.