Додовска: Говорот на Иванов јасен и со многу државнички пораки

„Во своето обраќање претседателот Иванов акцентираше на неговата голема активност и огромна заложба која ја направи во однос на мигрантската криза, како и достоинствено претставување на Република Македонија пред релевантните меѓународни организации“, истакна Иванка Додовска во „Аргументи“ со Љубиша Николовски.

Таа посочи дека во обраќањето можело да се забележи и еден тон на длабоко жалење, на една длабока загриженост во однос на тоа како политичката криза се одрази на сите слоеви во Македонското општество.

„Ова е силен државнички говор со многу јасни пораки, неговата улога како претседател на Република Македонија ја гледаме на дело, што во суштина и ја одразува неговата личност којашто е крајно мирољубива, секогаш ги презема оние чекори во однос на својата политичка кариера, и како човечко битие. По мирен пат решавање на работите и неговите предлози коишто ги дава во суштина е целото заокружување на 30-минутниот говор на претседателот кој докажуваат дека сите пораки на мир, љубов и помирување е доминантна во неговото политичко портфолијо, а исто и во неговата академска фела“, додаде Додовска.

Иванка Додовска, Ристо Никовски и Исмет Рамадани гостуваа во „Аргументи“ со Љубиша Николовски.