Додовска: И по 10 години ВМРО-ДПМНЕ ја задржува довербата на граѓаните

И по 10 години ВМРО-ДПМНЕ ја задржува довербата на граѓаните, истакна универзитетската професорка Иванка Додовска во „Отвореното студио“ на ТВ НОВА.

„Не се случило досега толку долго да чекаме резултати, а сега за разлика од порано процедурата е поусовршена. Мислам дека ДИК беа многу внимателни и се чекаше долго зашто сакаа да бидат комплетно сигурни пред било што да направат. Ако СДСМ беа сигурни од нивните информатори колку гласови освоиле, зошто Зоран Заев не излезе официјално да ја објави големата победа? Тоа е легитимно право, изјави Додовска и додаде дека намето да се случи тоа Заев замина да слави победа пред Владата на Република Македонија.

„По која цена го направија тоа? Што славеа? 49 мандати за коалицијата предводена од СДСМ. 49 предавства на македонската државност, кауза, вредности, дух?  Тоа не е за радување. Што слават? Дека добиле глас повеќе од претходните избори? Речиси 20.000 гласови е разликата, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ владее 10 години и ја задржува довербата на граѓаните“, заклучи Додовска.

Додовска гостуваше во „Отворено студио“ на ТВ НОВА заедно со аналитичарите Александар Даштевски и Александар Пандов.