Додовска: СДСМ сака да дојде на власт по нелегален пат

Евидентно е дека лидерството коешто го има окупирано СДСМ не може и не смее да направи никаква отстапка, макар и по цена да го „запали“ целото македонско граѓанство, да ги „изгори“ институциите на системот за да дојдат до она што сакаат да го добијат по нелегален пат, смета универзитетската професорка Иванка Додовска.

Таа исткна дека ситуацијата е исцрпувачка и ја разбира реториката на ВМРО-ДПМНЕ којашто е поостра, бидејќи, како што рече, на нормален човек досега ќе му пукнеше филмот 1.000 пати.

„Ова е сценарио коешто трае долго. Целата ситуација е предизвикана не за да дојде Заев на власт, не за да победи опозицијата и да се подобри системот, оваа ситуација е за сите ние да излеземе послаби. Планот „А“ со бомбите не успеа, планот „Б“ со СЈО исто не успеа поради одговорноста за доброто на македонските граѓани, постојат Устав и закон и никој не е виновен додека не се покаже спротивното. Кај нас аболициран криминалец суди, што е неприфатливо. Третото сценарио што се случува во моментов“, изјави Додовска.

Додовска посочи дека  Зоран Заев ги изгуби изборите, а притоа објави победа, по што извршил невиден притисок во ДИК со посредство и помош на американскиот амбасадор кој, вели Додовска, никој не знае што барал во ДИК.

„Денеска повторно се чекаше да се измисли како да се манипулира и СДСМ не го прифаќа поразот. Сметам дека сега неговите поддржувачи треба да го опоменат“, заклучи Додовска.