Додовска: Светот денеска се соочи со новата реалност – Доналд Трамп

Денеска светот е соочен со новата реалност, а тоа е предводникот на светската политичка сцена. Шоуменот, бизнисменот, некои го нарекуваат и шарлатанот, Доналд Трамп.

– Во секој случај, многу интересен феномен којшто може да се разгледува од повеќе аспекти, пред да прокоментирам во однос на помирувањето помеѓу Исток и Запад, неминовна е споредбата на Трамп со Регановото појавување на американската политичка сцена. И тој во 81-вата година во минатиот век дојде со речиси исто ниво на скепса и неодобрување од страна на јавноста, како што знаеме, тој дојде од Холивуд, беше холивудски актер, но потоа светот се соочи со навистина извонреден американски политичар, кој навистина во својата ера означи голем број на процеси помеѓу кои што и паѓањето на железната завеса и завршувањето на студената војна, смета универзитетскиот професор Иванка Додовска.

Додовска смета дека е значајно да се забележат изјавите на Доналд и неговиот став за Русија:

– Она што е значајното за Доналд Трамп во 2016-та година е онаа забелешка која постојано се вртеше во светските медиуми во однос на неговиот став за Русија. Како некој на сила да сакаше да го врати светот назад и да ги замрзни сите овие три декади од кога е завршена студената војна и од кога е прогласен практично мултиполарниот свет, кажа Додовска.

Темата на вечерашното Отворено студио со Бојана Димитријевска е „Американците го избраа Трамп“, а гости во студио се универзитетскиот професор Иванка Додовска и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.