Драматична ноќ во Кондово – пожарот денеска изгаснат

Драматична ноќ минаа жителите на Kондово коишто синоќа со сите сили се бореа со големиот пожар што изби во непосредна близина на селото.

Како што велат жителите постоела сериозна опасност огнената стихија да зафати и дел од куќите во селото, но по интервенцијата изведена со заеднички сили на противпожарните единици и локалното население, утринава пожарот е изгаснат.

Сепак, по непроспиената ноќ, вознемиреноста меѓу граѓаните денеска се уште е присутна.

Александра Овчарска