Двесте лекари од „8 септември“ на протест, бараат почит за белиот мантил

Лекарите од општата градска болница „8 септември“ денеска протестираа пред болницата за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина од срцев удар кршеа се пред себе во болницата.

Протестот го поддржа и директорот Сашо Стојчев.