Двојно ќе се зголеми бројот на операции на очна клиника годинава

Двојно ќе се зголеми бројот на операции на катаракта на Очната клиника во Скопје. Ќе се намали листата на чекање, а пациентите ќе добијат поефикасен третман. Ова ќе го овозможи новиот современ апарат кој  го набави Министерството за здравство, рече министерот Тодоров кој денеска беше во посета на Клиниката.

Македонија е меѓу неколкуте земји во регионот што располага со ваков современ апарат. Директорот на очната клиника со совет: граѓаните после 40-тата година да направат преглед кај очен специјалист.

За набавката потрошени се 5 милиони денари. Апаратот е веќе ставен во функција и извршени се вкупно 8 интервенции кај пациенти.

Ивана Стојкова