Џафери ја одложи седницата за Зврлевски поради „Рамковниот договор“

Собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски ќе продолжи в понеделник.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги информира пратениците дека седницата што  требаше да се одржи денеска е презакажана поради тоа што тој во текот на денот ќе се обрати по повод годишнината од Охридскиот договор.

Со денови се расправа за разрешувањето на Зврлевски.