Еди Рама пак ги собира лидерите на партиите на Албанците од Македонија, ќе им понуди програма

еди рама

Албанската влада подготвила документ – програма за албанските партии за соседна Република Македонија, пренесува телевизија „Визион Плус“.

Програмата содржи препораки и совети за албанските партии од Македонија, кои освоија пратенички места во новиот македонски парламент, а албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно на заедничка маса со албанските лидери од Македонија – Али Ахмети од ДУИ, Билал Касам од движењето „Беса”, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Мендух Тачи од ДПА. Ова ќе биде втора средба на Рама за последните 15 дена со албанските лидери од Македонија.

Според „Визион Плус” Тирана сака максимално да се вклучи и учествува во обединувањето на албанскиот блок во новата македонска влада. Бугарски медиуми пренесувајќи ја оваа информација, коментираат дека ова е директно мешање во внатрешните работи на Македонија и очекуваат реакција од Скопје.