Екипа на ТВ Нова во хотелот каде што Трамп ќе го има првото обраќање по изборите

Американците гласаат за избор на нов претседател.

225 милиони американци со право на глас одлучуваат меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон.

Се гласа во еден круг во секоја од 50-те Американски Сојузни Држави и во градот Вашингтон.

Екипа на ТВ Нова се наоѓа во хотелот Хилтон, каде што Доналд Трамп ќе го има првото обраќање после прогласувањето на претседател на САД.