Директорот на Архив на распит поради објавен твитер

Директорот на Државниот архив, Филип Петровски, денеска беше на распит во Јавното обвинителство. Против него е поднесена кривична пријава за искажан статус на Твитер. Петровски се сомничи дека предизвикал општа опасност и ги загрозил националните и верски права.

Распитот е на барање на Хелсиншкиот комитет, а пријавата е поднесена од МВР во периодот кога на чело беше Оливер Спасовски од СДСМ.

Во разговор за ТВ НОВА, првиот човек на македонскиот архив вели дека оваа кривична пријава е небулозна и се коси со слободата на изразување која е загарантирана со устав во Македонија. Тој вели дека оваа кривична пријава нема да го спречи да продолжи да си го искажува своето мислење на социјалните мрежи.

Ова е втор случај на Балканот за покренато обвинение за искажано мислење на Твитер.