ФЗОМ најави проект за тромесечна терапија за хронично болните

fzom-farmacevtska-komora-sostanok

Тромесечна терапија за хронично болните, зголемена достапност на лекови до секој осигуреник се само дел од проектите кој на денешниот работен состанок ги најавија директорите на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани и претседателот на Фармацевтската комора Биста Ангеловска. Целта на работниот состанок е да се подобрат и унапредат условите и правата на здравствената заштита на сите осигуреници.

Претседателот на Фармацевтската комора Биста Ангеловска истакна дека благодарение на соработката со ФЗОМ реализираат проекти со кои се остварува крајната цел, а тоа е подобро здравје за целото население.

Од страна на Фондот за здравствено осигурување истакнаа дека буџетот предвиден за 2017 година за лекови на рецепт е приближно три милијарди денари кој е дистрибуиран до 774 аптеки со кои Фондот има склучено договор.

Андреа Сибиновска