Габриела Илиевска: В недела масовно на гласање

Носителот на независната листа кандидати за членови на Советот на општина Битола Габриела Илиевска денес ги повика битолчани в недела масовно да излезат на избори и да ја поддржат листата која настапува под слоганот „Поинаку“.

– Два дена не делат од клучната одлука за иднината на Битола. Доста ја жртвувавме Битола, доста кадри од Скопје ја спасуваа Битола, доста некои други место битолчани ја водеа Битола. Блокирани училишта, очајни градинки, никаква инфраструктура, замислени граѓани, сиромаштија, уништен спорт, уништени села, загаден воздух. Тоа во недела престанува. Од понеделник мора да биде поинаку, порача Илиевска.