Голубовски: Изјавите на Тачи и Рама се дел од регионално сценарио во интерес на Албанија

Проблемот во Македонија не започна заради Македонија, туку земјава дојде на дневен ред во фаза на развој на едно сценарио во регионот и веројатно треба да претрпи корекција во своите перформанси како држава, за да можат да ја вклопат во тоа регионално сценарио, изјави лидерот на ВМРО-Демократска партија, Владимир Голубовски во „Аргументи“ на ТВ НОВА.

Според него сценаристите доаѓаат од Западот, а актерите кои се користат, во случајов Албанците од Македонија, имаат интерес да бидат вклучени во планот.

„Се разоткрива една намерна фалинка при едностраното прогласување на Косово за самостојна држава. Уште тогаш давав прогноза дека Косово не е проектирано за да не може да се одржува со сопствена економија и институционален капацитет, и во даден момент да кажат дека не можат сами. Во таа насока се и изјавите на Хашим Тачи и Рама. Имаме проблем со осмислено сценарио“, изјави Голубовски како коментар на изјавата на Тачи, Албанците да се соединат во една држава, доколку ЕУ му ја затвори вратата на Косово.