Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ има став дека бракот е меѓу еден маж и една жена, но никој не треба да биде дискриминиран

ВМРО-ДПМНЕ има порака којашто е базирана на конгресната доктрина на ВМРО-ДПМНЕ, каде што вели дека брак е заедница помеѓу еден маж и една жена, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев во Отвореното студио на ТВ Нова посветено на геј браковите.

„Не сме против било кого, инклузивен став, став на толеранција, став на општество на еднакви можности, во делот на бракот истовремено сметаме дека го разбираме традиционално“, вели Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека сепак никој не треба да биде дискриминиран.

„Има разни основи за дискриминација, на крајот од тоа има и сите други основи за дискриминација, значи никој во Македонија не треба да биде дискриминиран, стигматизиран по било која основа, иако како општество се носиме со тој проблем, како и многу други општества“, рече Ѓорчев.