Ѓорѓиевски: Куманово од многу висока позиција дојде до тоа да биде лидер во негатива

„Куманово за сите овие 26 години под менаџирање на СДСМ од многу висока позиција дојде да биде лидер во негатива“, изјави за ТВ Нова кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека тоа значи да во овој момент Куманово е град со највисока стапка на невработеност.

„Имаме околу 10,800 активни активни баратели и 19,600 пасивни баратели на работа. Куманово доминира во Република Македонија по загадувањето, исто и е лидер по сообраќаен метеж, јас на ова гледам дека Куманово е лидер во негативна во сите мерни работи кои се мерат во ова наше општество“, смета Ѓорѓиевски.

„Заради тоа во програмата со која настапуваме за наредниот период од четири години главните столбови се усмерени на решавање на проблемот со невработеноста, со загаденоста, сообраќајниот метеж и со другите инфраструктурни работи кои го мачат Куманово“, истакна Ѓорѓиевски.