Ѓорѓиевски: Наш главен проект е Куманово без кал

„Наш главен топ проект е Куманово без кал“, изјави за ТВ Нова кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски.

Тој смета дека жално е во 21 век да кандидат за градоначалник настапува со ветување за решавање на централните проблеми на Куманово.

„Имаме улици по коишто кумановчани се уште газат кал, имаме улици во центарот на градското подрачје кои се уште немаат фекална канализација. Затоа ние имаме топ проект со кои ќе се реши комплетната водоводна мрежа на сите населби во Општина Куманово, сите централни и урбани заедници, фекална канализација на сите приградски населби, асфалтирање на сите улици, светлување на цело градско подрачје. Нудиме комплетна работа која нема да се одвива како што се одвива сега, два месеци пред избори и четири години не се работи ништо, туку ќе почнеме со решавање уште од првиот ден по завршување на локалните избори па се континуирано четири години“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Куманово има највисок буџет во Република Македонија од 25 милиони евра, а од тој буџет 10% се предвидени за континуирано трошење за решавање на сите инфраструктурни проблеми.