Говор на омраза на социјалните мрежи

Објавување некролози од живи луѓе,повик за да се пролее крв по улиците за да се сменел наводниот режим, најразлични навреди за македонскиот народ.

Дел од ваквата содржина на социјалните мрежи изминатиов период ја поставија и некои од оние кои во текот на вчерашниот ден жестоко го критикуваа актерот Владо Јовановски за постот на Фејсбук со кој како што рече ја изразил својата загриженост дека поделбите во општеството можат да предизвикаат тензии.

За разлика од сега во минатото изостана јавната осуда кога некои други јавни личности или политички претставници си дозволија дури и да повикуваат на насилство.Изостана критиката на оние граѓански активисти, политичари и медиуми кои во текот на вчерашниот ден се јавија со остри критики на адреса на Јовановски.

Универзитетскиот професор Тито Беличанец кој пред извесно време на Фејсбук постави монтиран некролог од Груевски и денеска се занимаваше со Владо Јовановски. Го побаравме за изјава. Ни рече дека е во странство.

Се обидовме, но не успеавме да добиеме изјава и од Едмонд Адеми кој пред извесно време напиша дека треба да се пролее крв по улиците за да се смени режимот. Ни остана должен за одговор дали е ова повик за војна и на каква крв мислел. Со сличен став дека треба да се оправдува говор на омраза во борба со наводната диктатура е Мирослав Грчев архитект, професор и партиски функционер на СДСМ.

Двајца претседателски кандидати на СДСМ Пендаровски и Фрчковски имаа свои коемхнтариза граѓаните кои ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ кои наидоа на жестока критика во јавноста.

Со изјави во кои се навредува македонскиот народ своевремено актуелен беше и Ванчо Ордановски, брат на Сашо Ордановски. Мирјана Најчевска пак на Фејсбук напиша дека не е Македонка туку земјанка. Тричковски пак посакуваше смрт на полицајците.

Наспроти критиките вчера голем број јавни личности застанаа и во одбрана на Владо Јовановски. Меѓу нив и актерот Тони Михајловски.

Градимир Марковски