Груевски не дозволува Заев да избега од соочување – ќе ја предводи истата изборна единица што ја избра Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку фејсбук статус најави дека нема да дозволи Заев да бега од соочување и затоа решил да ја предводи истата изборна единица во којашто се пријавил лидерот на опозицијата, па така граѓаните ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу Груевски и Заев.

gruevski-fb-zaev

„…како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се’ што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија“, стои во статусот на Груевски.