Груевски: Подготвуваме документ за излез од кризата

Политички документ кој ќе понуди излез од политичката криза подготвува ВМРО ДПМНЕ – потврди партискиот лидер Никола Груевски во интервју за Канал 5 ТВ. Во следните денови Извршниот комитет на партијата ќе го разгледа документот кој е во завршна фаза по што ќе биде усвоен. Потоа ќе им биде доставен на сите поголеми партии а документот освен што же нуди решение за политичката криза, како што рече Груевски, ќе ја гарантира и унитарноста на државата.

За случајот Трус на СЈО Груевски во интервјуто вели дека целта е да се стави рака на медиумите кои гласно зборуваат за ризиците во кои се ставар земјата со прифаќањето на платформата на албанските политички партии, со која како што рече државата е нападната и потребно е народот да ја одбрани.

По поднесувањето на иницијативата на социјадемократите до Собранието за продолжување на конститутивната седница и најавите за партиски преговори за избор на нов собраниски спикер, Груевски смета дека лидерот на СДСМ Зоран Заев по секоја цена сака да формира влада, дури и како што рече по цена на националните интереси.

Груевски повторно ги повтори двете решенија – предвремени парламентарни избори заедно со локалните, и поддршка од 51-те пратеници на ВМРО ДПМНЕ за малцинска влада на Заев.

Михајло Видимлиски