Груевски: За ме­не нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те

gruevski-nova-programa1-640x360

Но шест ал­бан­ски пар­тии, од­нос­но три пар­тии и ед­на ко­а­ли­ци­ја сос­та­ве­на од три пар­тии, из­ле­гоа со за­ед­нич­ка плат­фор­ма?

-И ние и во ми­на­то­то, и се­га и во ид­ни­на ќе би­де­ме ре­чи­си 25 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја со за­ед­нич­ка плат­фор­ма. Ако са­ка­ме да ја иг­ра­ме иг­ра­та со плат­фор­ми, не­ма проб­лем, та­ка ќе те­ра­ме от­се­га.

Ах­ме­ти из­ја­ви де­ка за не­го нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те на Ал­бан­ци­те и плат­фор­ма­та на си­те ал­бан­ски пар­тии?

-За ме­не нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те. Ина­ку, ве­ру­вам де­ка се свес­ни де­ка во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, плат­фор­ма­та што им ја сос­та­ву­ваа, по­ли­тич­ки мо­же да му по­мог­не нај­мно­гу на СДСМ кај ал­бан­ски­от елек­то­рат.

А за­рем не­ма да им по­мог­не на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја?

-На Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја не­ма да им по­мог­не ако има­ат дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Дел­че­во, Бе­ро­во, Гев­ге­ли­ја или Ка­ва­дар­ци. Ним мо­же да им по­мог­не ако во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни се от­во­рат уш­те 100 или 150 но­ви фаб­ри­ки, и се вра­бо­тат ил­јад­ни­ци лу­ѓе, ако стан­дар­дот поч­не да рас­те и има­ат по­у­бав и пок­ва­ли­те­тен жи­вот, ако по­рас­нат пен­зи­и­те, пла­ти­те, суб­вен­ци­и­те, со­ци­јал­на­та по­мош, ако се из­гра­ди пот­реб­на­та ин­фрас­трук­ту­ра, ако до­би­јат под­дрш­ка за град­ба на ку­ќи, ако се нап­ра­ват мно­гу ре­фор­ми и зем­ја­та се прид­ви­жи нап­ред.

Се­пак, дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја е неш­то што е цел на ДУИ и ал­бан­ски­те пар­тии и мо­же­би ќе нап­ра­ват с` што е во нив­на моќ да ја ос­тва­рат, ма­кар и би­ле не­кој пер­и­од во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, па и по це­на на по­мал­ку ра­бот­ни мес­та за да го ре­а­ли­зи­ра­ат за­цр­та­но­то.

-Дво­ја­зич­ност на це­ла те­ри­то­ри­ја и кан­то­ни­за­ци­ја не мо­же да би­де ре­а­ли­зи­ра­но ако ВМРО-ДПМНЕ е про­тив.

Ка­ко ќе го спре­чи­те тоа ако нап­ра­ват ко­а­ли­ци­ја со СДСМ и си­те ал­бан­ски пар­тии?

-Зна­ат во ДУИ ка­ко.

Па, доб­ро ка­же­те ни и нам.

-Ќе ме раз­бе­ре­те де­ка не­кои на­ши пла­но­ви не са­кам да ги от­кри­јам.

Дневник