Хајндл и Нуланд за „Пржино 2“?

Дојде Хајндл, ќе дојде и Нуланд. Сакаат да ни помогнат да ја решиме кризата. Во ред, така нека биде. Прашањето е дали ќе најдат простор за такво нешто, ќе тропнат на маса и со трпението при крај на власта и опозицијата ќе им понудат идеи за решенија кои би воделе до втор дел од договорот од Пржино или пак „суптилно” ќе ги насочат власта и опозицијата кон излезот од политичкиот ќорсокак?

Ќе имаат ли и натаму толеранција за желботеката на одредени партии или конкретна визија за финиш на политичката агонија? Од последната посета на Хајндл продлабочена и со неучеството на СДСМ на седниците на Собранието и собраниските комисии, но со неколку средби на партиските преговарачки тимови.

Pres Vudi muzika,slusni slika, dobij kniga 2016

Имаат ли Хајндл и Нуланд погрешна проценка за нечија подготвеност за политички дијалог и вистинско решавање на кризата?

Секоја страна е со свои тези. Прашањата остануваат исти. Избирачкиот список, медиумите, СЈО, барањата за посебно одделение во кривичниот суд за предметите иницирани од СЈО, а потоа и владата која треба да ги спроведе изборите како и датумот за одржување.

070214_AFP_victorianuland(edited)

Од последната посета на германскиот посредник работите малку се сменија. СДСМ за избирачкиот список освен во ВМРО-ДПМНЕ противник веројатно доби и во ДУИ. Според последните информации изгледа заради тоа што спорните 170.000 гласачи, најголемиот дел од нив се претпоставува дека се во странство и за кои СДСМ има приговори, се етнички албанци од шестата изборна единица. Можеби дел од нив и причина за превирањата при неуспешниот попис. Од кои ДУИ тешко ќе се откаже. Без разлика дали Али Ахмети или Талат Џафери сметаат дека нивното одбележување со ѕвездичка е техничка работа или Рафиз Алити вели дека зад ова се кријат задни намери на партиите од македонскиот блок.

Тачи и ДПА пак, како да се СДСМ во албанскиот блок. Велат дека ДУИ манипулира со овие гласачи. Демек треба да сфатиме дека ако ДУИ не ги злоупотребувал ќе била доведена во прашање победата на интегративците или разликата ќе беше многу помала?

BeFunky Collage

Претходно тие беа причина за превирања и меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Владеачката партија не убедува токму во тоа дека СДСМ се обидува да креира проблем каде што го нема и дека овие гласови не влијаат на исходот во македонскиот блок. Копјата ќе се кршат и околу 40.000 кои при теренската проверка не биле пронајдени дома.

СДСМ смета дека и тие треба да бидат избришани од избирачкиот список. Небаре ако некој не е дома нема право да гласа. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со тоа. Бара посебен список и за нив.

„Никој не смее да им го одзеде правото на глас на овие граѓани“ изјавуваа дел од членовите на ДИК. Дополнително ќе треба да се проверуваат и оние гласачи кои не поднеле барање да се пријават во ДИК, а имаат лични документи. Може да се доведеме во ситуација сакајќи да се прочисти избирачкиот список да имаме повеќе избирачки списоци по различни основи кои ќе создадат хаос и простор за изговори.

За медиумите ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои на ставот дека е прифатлив закон од било која земја членка на ЕУ.

mediumi-sdsm-640x382

Дел од брифинзите од средбите во Пржино беа дека пропаднале поради желбите на СДСМ за рестриктивна политика за медиумите иако Заев тврди дека социјалдемократите барале намалување и на постоечките казни за 50 проценти и рамномерно застапување.

“Ние немаме намера да влијаеме на уредувачката политика на приватните медиуми. Но, таму каде што граѓаните рамноправно плаќаат треба да бидат рамноправно и застапени.

Untitled

Советот за етика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да постапува подеднакво за сите обезбедувајќи рамноправно застапување на политичките партии”, изјави Заев.

СЈО е посебна приказна. Ќе видиме дали ќе биде удоволено и барањето за посебно одделение во кривичниот суд кое ќе се занимава со предметите на обвинителството на Катица Јанева. Експертската јавност во голема мера се противи на оваа идеја.

Професори по уставно право, поранешни и актуелни членови и претседатели на судскиот совет потенцираа дека со тоа втор пат ќе биде прекршен уставот. Првиот пат според нив, тоа се случи со формирањето на СЈО.

Градимир Марковски