Ибрахими: Нарушени човечки односи во МТС по владеењето на Ременски

Нарушени  човечки односи и создавање на т.н. кланови е еден од главните проблеми со кој се соочува министерсвото за труд и социјална политика по владеењето на Фросина Ташевска Ременски вели во интервјуто за телевизија Нова  новиот министер Ибрахим Ибрахими. Сега е насочен кон создавање на професионалци кој како државни службеници мора да ја извршуваат својата работа со голема професионалност вели Ибрахими

За тоа каква е состојбата во сојузот на синдикати на Македонија Ибрахими истакна дека докуметот со кој Ременски го разреши Живко Митревски претседателот на ССМ воопшто не постои во архивата на Министерството за труд и социјална политика

Министерот Ибрахими за состојбата во центарот за социјална работа во Валадово истакна дека во наредиот период ќе биде одобрен системот за греење на пелети, отакако од страна на Ременски овој проект бил одбиен. Имено центарот за социјална работа од Валадово во текот на месец септември побара печките на нафта да ги заменат со печки на пелети со цел поекономично греење и заштита од загадувње на околината.

Андреа Сибиновска