Изборите во САД и миграциската криза, клучни за безбедноста во Европа и регионот

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествува на 53-та минхенска безбедносна конференција.

Во пресрет на конференцијата изјави дека безбедноста во регионот ќе зависи од два клучни фактори. Првиот, односите што се воспоставуваат по изборите во САД и одлуката на Британија да ја напушти ЕУ. Вториот, миграциската криза и предизвиците со тероризмот.