Кацарска: Платформата се мистифицира поради недостатокот на информации

„Според мене платформата и начинот на којшто општеството се справува со неа е илустрација на нашето немање на политичка култура“, истакна Симонида Кацарска во „Аргументи“ на ТВ Нова.

„Платформата се мистифицираше поради недостатокот на информации за тоа како се преговараше како помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а како меѓу СДСМ и ДУИ. И креираше простор да истата стане веројатно „баук“ и сите да се плашиме од неа“, додаде Кацарска.

Таа смета дека има многу нејаснотии околу платформата, и дека би ни било полесно на сите доколку дознавме некој елементи на тоа што и како било договорено.

Симонида Кацарска и Владимир Божиновски гостуваа во „Аргументи“ со Љубиша Николовски.